За време на настанот, компаниите имаат уникатна можност да ко-креираат со своите корисници, Секоја од компаниите поставува уникатен предизвик соодветен за нивните потреби, во согласност со темата и тимовите се натпреваруваат за да го создадат најдоброто решение за предизвикот кој тие го избрале. За време на тридневниот настан, тимовите смислуваат идеи, градат стратегии и создаваат иновативни решенија.
Според статистики направени за 2022, 93% од компаниите прават некаков вид на вработување, што е за 11% зголемено од 2021. Воочувајќи го проблемот, Rethink 2022 има цел да ги поврзе компаниите со сегашните и идни вработени за пронаоѓање на заедничко решение. Овогодинешното издание ќе се одржи на темата “ Иднината на регрутирањето “, каде 50 учесници преку тимска работа ќе треба да смислат креативни и иновативни решенија за време на натпреварот.
ИЗДАНИЈА
ПРЕДИЗВИЦИ
УЧЕСНИЦИ
МЕНТОРИ
На првиот ден од креативниот маратон, учесниците се запознаваат меѓусебно и почнуваат со активности како brainstorming и истражување. Исто така, се запознаваат и со менторите - претставници од компаниите кои имаат поставено предизвик.
На вториот ден на натпреварот, учесниците имаат една менторска сесија со експерти - претставици од компаниите за да добијат одговори на прашања, совети за досегашната работа и насоки за понатаму.
На третиот ден, сите тимови имаат можност да го презентираат нивното решение пред жири од претставници од компаниите, кои одлучуваат кој е победникот за нивниот предизвик. Компанијата може понатаму да го развива победничкото решение.
Несебичната поддршка и нивната позитивна енергија овој тим го издвојува од другите и го прави посебен. Посветеноста кон организација на креативниот маратон и вложениот труд резултираа со иновативни идејни решенија за поставениот предизвик - како до промена на финансиските навики на младите корисници за банкарските услуги преку вештачка интелигенција и големи бази на податоци.
Катерина Петровска
Енергијата на младите навистина е инспиративна, размислуваат, пробуваат, бараат, желни се да најдат решение на секој проблем. Најмногу сум изненаден од тоа колку добри решенија и идеи се креираа и презентираа за само 3 дена. Дефинитивно треба да обрнеме внимание на младите, особено кога се работи за креативно размислување и решавање на проблеми.
Душан Нешовски
За Дона како бренд и за мене лично, Rethink е едно одлично и уникатно искуство! На нашиот предизвик на Rethink 2019 работеа 3 тимови, кои навистина креираа иновативни и интересни решенија, кои без никаков проблем можат да се имплементираат.
Мартин Петровски
Ко-креација со вашите сегашни и идни корисници
Директен увид во однесувањето и потребите на клиентите
Препознатливост на брендот кај младата публика
База на потенцијална работна сила
3 концепти на идејни решенија за поставениот предизвик
Уникатна кампања за социјални медиуми за вашиот предизвик што ќе привлече публика
Видливо поставено лого на веб-страница и на сите промотивни материјали
Интервју со претставниците на компанијата и објава на веб-портали
Е-маил кампања само за вашиот предизвик