Како MarTech го менува начинот на кој ги промовираме нашите производи

Како MarTech го менува начинот на кој ги промовираме нашите производи

Во минатиот век, телевизијата и радиото направија револуција во начинот на кој ги промовираме нашите продукти и услуги. Тие ни овозможија да допреме до голема публика преку вербални и визуелни пораки, и како канали се уште се употребуваат со истата цел. Но, комуникацијата преку е еднострана, и можностите за таргетирање се минимални.

Дигиталната револуција го промени тоа. Сега имаме можност да бираме каде, на кој и како ќе му претставиме некој наш продукт. Големите бази на податоци кои ни се достапни ни овозможуваат интерактивна комуникација и персонализиран пристап. Со тоа се роди и новиот предизвик: како да се соочиме со големи бази на податоци и да одговориме навремено на сите потреби на нашите корисници, на сите канали, а притоа да бидеме креативни и персонални во комуникацијата.

Затоа што брзата и персонализирана комуникација стана стандардот кој го очекуваат нашите корисници, се родија и нови решенија кои одговорија на оваа потреба. Тие решенија се познати ширум светот под еден термин: Маркетинг Технологијата.

Како Маркетинг технологијата го менува светот?

Маркетинг Технологијата, позната како MarTech, ги опфаќа сите софтверски алатки со кои можете да ги планирате, извршувате и мерите резултатите Вашите маркетинг активности. MarTech ги автоматизира процесите како собирање и анализирање на податоците, и Ви помага да ја привлечете вашата таргет публика. Преку автоматизирани системи им одговара навремено на Вашите корисници, правејќи го нивното искуство персонализирано, а времето на Вашиот тим послободно за креативно решавање на поважни проблеми.

Сите софтверски решенија кои Ви го овозможуваат ова се дел од MarTech. Алатките за автоматизирани маилови (како Marketo или MailChimp), системи за менаџирање и комуникацијата со клиенти – CRM (Salesforce) како и програми за анализирање на податоците кои ги добивате за перформансот на Вашите кампањи (Buzzmonitor), се само мал дел од сите категории на софтверски програми кои се дел од MarTech и можат да Ви помогнат во автоматизирање на сите маркетинг активности.

Кои се придобивки од MarTech?

Во фокусот на MarTech се самите потрошувачи. Преку автоматизација на процесите и голема прегледност на информациите, Вие можете да ги запознаете подобро и да допрете до нив полесно, поефикасно и со персонализиран пристап.

Со помош на овие софтверски решенија сега можете да добиете многу поголем досег, кликови и нови клиенти. Секако, центарот на секоја промотивна кампања е приказната и со времето кое повеќе не го трошите на оперативни задачи, сега ќе можете да го вложите токму во тоа: смислување на визуелни и вербални пораки кои ќе ја привлечат точната целна група.

MarTech го претвора маркетингот во многу поисплатлива функција. Сега можете да дознаете колкава е ефикасноста на Вашите кампањи и постојано да го следите перформансот на сите Ваши активности. MarTech ви овозможува навремени реакции и донесување на подобри одлуки.

Дигиталниот маркетинг е најефективниот начин за промоција, и поради тоа привлекува голема конкуренција. Покрај тоа, неговите функции бараат постојана комуникација на повеќе канали – нешто што Вашиот тим тешко може да го постигне самостојно. Станува очигледно дека модерниот маркетинг не може да опстои без MarTech.

Како да го изберете најдоброто MarTech решение за вашиот бизнис?

Според една поделба, постојат 55 категории на MarTech решенија кои се достапни на пазарот. Во секоја од тие категории има помеѓу 30 и 300 софтверски решенија. Некои од нив обединуваат повеќе функции, додека некои се фокусираат ексклузивно на една.

Со толку голем избор, одлуката воопшто не е едноставна. Пред да изберете конкретна категорија или софтвер во кој ќе инвестирате, треба да ги анализирате вашите потреби и цели.

Процесите кои моментално се случуваат во Вашето претпријатие се само една третина од приказната. Нивната автоматизација е добар почеток, но не заборавајте на потребите и очекувањата на корисникот. Со Martech, Вашите активности ќе можат да се прошират и на други канали, давајќи ви компетитивна предност и овозможувајќи ви да пораснете на пазарот.

Третиот аспект на кој треба да размислите е како тие информации ќе ги искористите за понатамошни активности. Можностите кои MarTech ги нуди се навидум бесконечни, но без добар план за преточување на информациите во акции, Вашата инвестиција ќе биде залудна.

Интерната анализа е најлесниот чекор за кој можете да дознете повеќе преку разговор со Вашите вработени. За другите два аспекти Ви треба помош. Таа можете да ја барате кај експертите, но можете да примените и друг пристап. Особено кога сте во потрага по креативно и иновативно решение, повеќе млади умови секогаш размислуваат подобро од еден – макар и тој да е експерт.

Креативната моќ на младите визионери кои се поблиску до Вашите потрошувачи и размислуваат без пречки, е најдобриот пристап до откривање на сите начини на кој можете да допрете до вашиот пазар. Притоа ќе дознаете кое е најдоброто MarTech решение за вашиот бизнис и како да ги искористите информациите за осмислување на идни промотивни кампањи (давајќи Ви и идеи како појдовна точка).

Маркетинг Технологијата е нешто што навистина му е потребно на Вашиот бизнис. А поврзувањето со група на млади визионери, никогаш не било поедноставно. Сега ваквиот вид на иновација е достапен и на нашиот пазар. Дозволете им на младите визионери да Ви го покажат патот до успехот. Бидете дел од Rethink 2020!

No Comments

Post A Comment