RETHINK 2018

About This Project

Што е Rethink?

Rethink е креативен маратон кој ги поврзува креативните луѓе со експерти и компании, и им овозможува заедно да создадат иновативни решенија. Темата на Rethink 2018 беше Smart Cities: Rethink how the city works and lives. Со 90 учесници и 18 иновативни решенија, овој тридневен настан е и најголемиот креативен маратон организиран во Македонија.

Предизвикот на Rethink 2018

За време на Rehtink 2018 учесниците беа предизвикани да смислат иновативни решенија за да го подобрат начинот на кој градот Скопје живее и функционира. Нивните идеи можеа да бидат од било кој област, од технологија до транспорт, управување со отпад и безбедност.

Процес

Тридневниот настан започна со конференција на темата Smart Cities, каде познати претприемачи и експерти презентираа за нивните искуства во полето. Учесниците беа групирани во 18 мултидисциплинарни тима, и после конференцијата започнаа да работат на смислување и развивање на своите иновативни решенија за Скопје како паметен град.

Тие имаа насоки и помош од фасилитатори и други експерти, кои беа нивните ментори за време на настанот. Нивната цел беше да поврзат постоечки иновации, да создадат нови, и да оформат концепт и бизнис модел за нив. На крајот, експертско жири одлучи кои беа трите најдобри идеи, и победничките тимови покрај вредни награди добија можности да продолжат да работат на нивните идеи.

Rethink 2018 беше дел од настанот IT Novum 2018, организиран од страна на невладината организација iNovum, и со помош и поддршка од многу македонски компании и организации.

Зошто го започнавме Rethink?

Rethink 2018 имаше едукативна и креативна цел – да ја подигне свесноста за концептот паметен град и да им овозможи на младите визионери да се поврзат, да создаваат и да реализираат решенија за постоечките проблеми во градот.

Rethink како концепт продолжи да се развива, трансформирајќи се во начин на поврзување на младите креативни умови и иновативните компании, за да уште повеќе ги зближиме преку ко-креација и crowdsourcing. Прочитајте повеќе за концептот на Rethink 2.0.

Што постигнавме?

Го организиравме најголемиот креативен маратон во Македонија:

– 90 учесници

– 18 иновативни идеи

– 3 победнички решенија

Исто така:

– Ја подигнавме свесноста за темата Smart cities

– Поврзавме млади визионери со ментори и потенцијални инвеститори

– Ја едуциравме публиката за можностите и моќта на ко-креација и crowdsourcing во Македонија.

Победниците на Rethink 2018:

Retgink 2018

Smart Cities: Rethink how the city works and lives.

Date
Category
Art, Business