Процесот Kреативниот маратон Rethink започнува кога компаниите-покровители ќе поставуват нивните индивидуални предизвици. Потоа, преку различни онлајн и офлајн активности привлекуваме голем број на креативни луѓе, фокусирајќи се на домени на искуство и интерес кои се соодветни за потребите на секој од предизвиците засебно.
Ги селектираме најдобрите кандидати и ги организираме во мултидисциплинарни тимови. На почетокот на настанот, откако учесниците ќе се запознават меѓусебно, почнуваат со brainstorming и истражување. Текот на настанот се води по чекорите на Design Thinking методологијата, и тимовите се предводени низ процесот од страна на лиценцирани фасилитатори (членови на нашиот тим кои кои ги водат тимовите за време на целиот настан).
Тимовите исто така имаат менторска сесија со претставници од компаниите кои имаат поставено предизвик, со цел да добијат совети за досегашната работа и насоки за следните чекори. За време на тридневниот настан, учесниците смислуваат и тестираат решенија, кои на крајот им го презентираат на стручното жири составено од преставници на компаниите, кои го избираат најдоброто решение. Победничките тимови добиваат награда и можност да бидат вклучени во имплементацијата на нивните решенија.
Компаниите се секогаш во потрага по нови, иновативни решенија, што ќе ги издвои од конкуренцијата. Во исто време, младите креативни луѓе немаат многу можности за споделување на нивните идеи и работење на истите. Целта на Solveo е да биде мостот помеѓу иновативните компании од регионот и креативните луѓе, и преку Rethink го постигнуваме токму тоа.
Организиравме 2 Rethink креативни маратони:
Rethink: Smart Cities – How the city works and lives, и Rethink 2.0: The Future of Digital Customer Experience
со поддршка од повеќе од 60 организации и компании,
во кои земаа учество вкупно 150 учесници,
и произлегоа 30 креативни решенија.