RETHINK 2020

About This Project

Rethink е тридневен креативен маратон кој ги поврзува креативните луѓе со иновативните компании.
За време на настанот, компаниите имаат уникатна можност да ко-креираат со своите корисници,
Секоја од компаниите поставува уникатен предизвик соодветен за нивните потреби, во
согласност со темата и тимовите се натпреваруваат за да го создадат најдоброто решение
за предизвикот кој тие го избрале. За време на тридневниот настан, тимовите смислуваат идеи, градат стратегии и создаваат иновативни решенија.

 

Компаниите се секогаш во потрага по нови, иновативни решенија, што ќе ги издвои
од конкуренцијата. Инспирацијата за ко-креација со корисниците потекнува од глобалната сцена, каде и самите гиганти како LEGO, Apple, IBM го практикуваат овој пристап уште од минатите години. Целта на ко-креацијата е да се поврзат иновативните компании со креативните луѓе преку еден поинаков интерактивен пристап.

 

Третото издание на Rethink ќе се одржи оваа година во месец мај и темата на креативниот маратон е “Маркетинг – Технологија: Преку моќта на технологијата до подобрување на маркетнг комуникацијата” каде преку мултидисциплинарни тимови, комапниите ќе добијат стратегија која ќе им овозможи ко-креирање со своите идни и сегашни корисници, како и директен увид во однесување и потребите на клиентите. Претходните изданија на Rethink беа поддржани од едни од најголемите компании на пазарот како што се Охридска Банка, Групација Магнетик, ДОНА, Шпаркасе Банка, Искрател, ХАСЕЛТ, Офис Плус. Станете лидери на пазарот и издвојте се од конкуренцијата.

Кој е главниот фокус на Rethink 2020?

Дигиталното присуство на брендот.

Брендовите се стремат да постигнат вистинска дигитална транформација и да ја подобрат својата позиција на пазарот со помош на технологијата. Како можете да го подобрите дигитално присуство на вашиот бренд?

Препознатливост на брендот.

Преку создавање на поголема препознатливост на брендот нашите пораки можат да допрат до поголема публика и поголем број на потенцијални потрошувачи. Како можете да ја зголемите препознатливоста на вашиот бренд?

Интеракции со корисниците.

Начинот на кој комуницираме со корисниците има големо влијание на целокупното корисничко искуство. Како можете да ги подобрите интеракциите со вашите корисници?

Собирање на информации и мерење резултати.

Преку мерење и толкување на интеракциите кои корисникот ги има со активностите во една кампања, ние можеме да откриеме како тие влијаат на самата продажба. Како можеме да го мериме успехот преку информациите кои ни се достапни за нашите корисници?

Учесниците кои ќе работат на дефинираните предизвици ќе бидат поделени во мултидисциплинарни тимови со цел да можат соодветно да одговорат на предизвикот. Секој тим за време на настанот ќе има назначен фасилитатор кој ќе го води низ целиот процес. Бројот на спонзори кои можат да постават предизвик е лимитиран. Компаниите кои ќе постават свои предизвици, на крајот на креативниот маратон ќе го добијат комплетното концепт решение од победничкиот тим кое може да го развијат понатаму.

 

На првиот ден од креативниот маратон, учесниците се запознаваат меѓусебно и почнуваат со активности како brainstorming и истражување. Исто така, се запознаваат и со менторите – претставници од компаниите кои имаат поставено предизвик.

 

На вториот ден на натпреварот, учесниците имаат една менторска сесија со експерти – претставици од компаниите за да добијат одговори на прашања, совети за досегашната работа и насоки за понатаму.

 

На третиот ден, сите тимови имаат можност да го презентираат нивното решение пред жири од претставници од компаниите, кои одлучуваат кој е победникот за нивниот предизвик. Компанијата може понатаму да го развива победничкото решение.

Платинум спонзор – 2000

Што содржи спонзорскиот пакет?

1. Поставување на вистинскиот деловен предизвик според потребите на компанијата,
каде што за време на настанот, 3 тима (15 учесници) ќе создадат концепт-решение кое
подтоа може да се спроведе

2. 500€ награда за победничкиот тим од предизвикот

3. Промотивни материјали за време на настанот (банер, lazybag-фотеља)

4. Објави во локалните медиуми (ПР текст) x4

5. Можност за презентација на компанијатa на почетокот од настанот (5 минути)

6. Вклучување на претставници од компанијата како дел од жирито и менторските
тимови за време на настанот

7. Логото на компанијата ќе биде јасно поставено на нашата веб-страница

8. Интервју со спонзорот објавено како блог

9. Логото на компанијата ќе биде јасно ставено на промотивните
материјали (маици)

10. Официјално признание како спонзор на отворањето и затворањето на настанот

 

Контактирај го организаторот
Rethink 2020

Преку моќта на технологијата до подобрување на маркетинг комуникацијата

Date
Category
Art, Photography